Бајден ги замоли гласачите да ја спасат демократијата од лаги и насилство

американскиот претседател Џо Бајден

Предупредувајќи дека самата демократија е загрозена, американскиот претседател Џо Бајден ги повика Американците да ги искористат своите гласачки ливчиња на среднорочните избори во следната недела за да им се спротивстават на лагите, насилството и опасните изборни нарушувачи кои се обидуваат, како што изјави „да успеат таму каде што не успеале“ - во сузбивањето на изборите во 2020 година. Претседателот ги издвои „ултра МАГА“ републиканците - повикувајќи се на слоганот на Трамп „Направи ја Америка повторно голема“ - нарекувајќи ги малцинство, но „движечка сила“ на Републиканската партија. „Не е време да се стои настрана. Тишината е соучесништво“, изјави тој.

Бајден го нарече „одвратен“ нападот врз сопругот на Пелоси

По неколку недели смирувачки тонови за американската економија и инфлацијата, Бајден се сврте кон помрачна, поитна порака, изјавувајќи дека системот на управување на нацијата е под закана од лагите на поранешниот претседател Доналд Трамп кои ги негираат изборите. Посочувајќи го особено нападот од минатиот петок врз сопругот на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, Бајден рече дека лажните тврдења на Трамп за украдени избори „го поттикнаа опасниот пораст на политичкото насилство и заплашувањето на гласачите во последните две години“. „Има алармантен пораст на бројот на луѓе во оваа земја кои одобруваат политичко насилство или едноставно молчат“, изјави Бајден, додавајќи: „Знаеме дека демократијата е загрозена, но го знаеме и ова: во наша моќ е да ја зачуваме нашата демократија“.