Еди Рама ги осуди „дискриминаторските изјави на Лондон за Албанците“

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го осуди Лондон поради изјавите кои ги оцени како дискриминаторски кон Албанија, откако британски функционери ги посочија неговите сонародници во врска со нелегалната миграција во Велика Британија.

Порастот на преминување на мигранти преку Ламанш, морскиот теснец кој го дели француското копно со британскиот остров, во мали чамци, претставува проблем за британските власти.

Според официјалните статистики, Албанците претставуваат мнозинство од оние кои успеваат да го поминат Ламанш до Британија.

Во низата поради објавени на својот Твитер налог, Еди Рама напиша дека британските претставници активно „ги дискриминирале“ Албанците.

„Таргетирањето на Албанците (како што некои на срамотен начин правеа кога се бореа за Брегзит), како причина за граничните и криминални проблеми во Велика Британија е лесна реторика која ги занемарува фактите“, вели албанскиот премиер.

„Албанците во Велика Британија работат напорно и ги плаќаат своите даноци. Велика Британија треба да се бори против криминалните банди од сите националности и да ги престане да ги дискриминира Албанците за да ги оправда своите политички неуспеси“, напиша Рама.

Британската министерка за внатрешни работи Суела Брејверман се најде во центарот на првата криза на владата на премиерот Риши Сунак поради нејзиното управување со приливот на мигранти.

Зборувајќи за тој проблем во расправата во Парламентот, таа ја спомена „инвазијата“ врз Англија од страна на мигрантите, укажувајќи конкретно на албанските баратели на азил.

Неодамна беше споменувано дека 12 илјади Албанци успеале да го преминат Ламанш оваа година, во однос на само 50 луѓе во 2020 година.

Британија се соочува со рекорден број преминувања на Ламанш на мали чамци, скоро 40 илјади од почетокот на оваа година. Владата очекува до крајот на годината, тој број да достигне 50 илјади мигранти.

Се смета дека албански криминални банди ја водат трговијата на мигранти кон Велика Британија.