Српската војска собори комерцијален дрон во подрачјето на Копаоник

Српска војска.

Министерството за одбрана на Србија соопшти дека во среда на 2 ноември српската војска собори комерцијален дрон на широкото подрачје на Копаоник.

Единиците на војската на Србија во попладневните часови неутрализирале комерцијален дрон кој се движел од правен на Копаоник кон Рашка, откако претходно го откриле и го прателе, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.

Беспилотното летало е соборено со помош на електронски мерки за блокирање, во непосредна близина на воените објекти во гарнизонот Рашка, се додава во соопштението.

Во соопштението не се наведуваат повеќе детали за дронот, како ни за тоа на кого припаѓал.

„Војската постапи во склад со наредбата на претседателот и врховен командант на Војската, Александар Вучиќ и презема засилени мерки за откривање, следење и неутрализирање на беспилотни летала во близина на воени објекти“, стои во соопштението.

Вучиќ на 2 ноември нареди подигање на борбената готовност откако биле воочени дронови, кои, како што тврди, на територијата на централна Србија дошле од територијата на Косово.

Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај, ден претходно демантираше дека беспилотните летала, за кои има неофицијални медиумски извештаи дека биле забележани над подрачјето на јужна Србија, потекнуваат од територијата на Косово.