Советодавното тело на Владата го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд

Владина седница

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд.

Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.

„Тој владее со Бугарија во 19 и 20 век, ја спроведува Бугарија во три војни кои за Македонија се со девастирачки карактер, поради тоа сè уште има спомени во населението на Македонија дека ова не може да се смета за позитивно и да се даде позитивно мислење“, рече Петровски.

Бугарски здруженија и клубови - или промена на име или бришење

Советодавното тело беше формирано овој месец за да ги преиспитуваат контроверзните имиња на невладини здруженија и клубови. Денешната одлука е прва која што е донесена во Советот.

Петровски посочи дека нивното советодавно мислење ќе биде доставено до Министерството правда, кое, потоа ќе одлучува по него.

Доколку се регистрира, ова ќе биде трето по ред бугарско здружение во земјава во текот на оваа година.