Шефовите на дипломатиите на САД и Кина разговараа за војната во Украина

портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и неговиот кинески колега Ванг Ји телефонски разговараа за односите меѓу двете земји и војната во Украина, соопштија одделно двете министерства. „Државниот секретар разговараше за потребата од отворање линии на комуникација и одговорно управување со односите меѓу САД и Кина“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека „враќањето на кинеско-американските односи на стабилен развојен пат не е само во интерес на двете страни, туку и она што го очекува меѓународната заедница“. Тие разговараа и за војната во Украина и за „заканите што Русија ги претставува за светската безбедност и економската стабилност“, се вели во американското соопштението.

САД и други земји предлагаат дебата на Советот за права на ОН за третманот на Кина со Ујгурите

Според кинеското соопштение, министерот повикал на „интензивирање на дипломатските напори за да се спречи натамошно влошување на ситуацијата во Украина“. Кина, која е официјално неутрална во украинскиот конфликт, Западот често ја гледа како премногу помирлива кон Москва. Разговорот меѓу кинескиот и американскиот шеф на дипломатијата се случил неколку дена по разговорот на Ванг Ји со неговиот руски колега Сергеј Лавров. „Кина е подготвена да ја продлабочи размената со Русија на сите нивоа“, му рече Ванг на Лавров.