Кремљ за денеска најави важен говор на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да и се обрати на јавноста, потврдија од Кремљ, најавувајќи го говорот околу 15:00 часот по средноевропско време. Путин ќе зборува на панелот на Институтот Валдаи во Москва, а прашања ќе можат да поставуваат независни новинари и аналитичари од западните земји. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека говорот на Путин ќе биде „анализиран, читан и препрочитуван уште неколку дена“.

Нов светски поредок и најголемите закани за Западот и демократијата

„Денес тоа е главниот настан на денот, кој секако ќе треба подоцна да се анализира, неговата содржина да се проучува, прочита и препрочита“, изјави Песков за новинарите. Темата на овогодинешниот собир е „Светот надвор од хегемонијата: правда и безбедност за сите“.