Претседателката на ЕК фон дер Лајен во Тирана и Приштина

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска е во посета на Тирана и Приштина како дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан. Таа во средата беше во Скопје, каде што по средбата со премиерот на Димитар Ковачевски, рече дека Северна Македонија ќе добие 80 милиони евра како итна буџетска поддршка за борба против енергетската криза.

Скопје ќе добие 80 милиони евра грант од ЕУ за енергетската криза - Фронтекс потпишан на македонски јазик

Фон дер Лајен утре ќе ги посети Сараево и Белград, а посетата на регионот ќе ја заврши в сабота во Подгорица. Главни теми на разговор во Белград треба да бидат енергетиката, усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на Европската унија и дијалогот меѓу Белград и Приштина.