Иранците и пркосат на репресијата по повод 40 дена од смртта на Махса Амини

од протестите во Иран (архивска фотографија)

Иранците се собраа на гробот на Махса Амини за да одбележат 40 дена од нејзината смрт и покрај предупредувањата на властите, додека националните протести продолжуваат. 22-годишната Амини почина во полициски притвор во Техеран на 16 септември, откако беше уапсена три дена претходно за „неправилно“ носење задолжителна исламска шамија или хиџаб. Нејзината смрт, за која властите велат дека била предизвикана од срцев удар, поттикна бран антивладини протести ширум земјата. Групата за заштита на човековите права во Иран со седиште во Осло, наведува дека во протестите досега загинале најмалку 215 луѓе, вклучувајќи 27 децата.

Иранците започнаа солидарни штрајкови, протестите влегуваат во шеста недела

Млади жени и ученички се во првите редови на протестниот бран, најголем со кој се соочи иранска владејачка теократија од исламската револуција во 1979 година. На 26 октомври, десетици мажи и жени се собраа на гробиштата Аичи во Саќез, родниот град на Амини во западната провинција Курдистан, и покрај заканите од безбедносните служби упатени до нејзиното семејство, на кое им беше кажано дека „треба да се грижат за животот на нивниот син“, велат активистите. Видеата споделени на интернет, наводно, ги прикажуваат учесниците како извикуваат „Жена, живот, слобода“ и „Смрт за диктаторот“, очигледно повикувајќи се на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи.