Нема промени – викендов почнува зимско сметање на времето

Илустрација

Останува досегашниот систем на сметање на времето, односно од викендов ќе почне зимското сметање со кое стрелките на часовникот ќе се поместат еден час назад.

Од Владата за државната новинска агенција МИА информираат дека информацијата што требаше да ја подготви Министерството за економија покажала дека треба да остане системот за промена на времето.

Повеќе информации најавуваат дополнително.

Министерството за економија правеше анализа за промена на системот за сметање на времето по препорака на Владата за да се види дали промената би придонела до намалување на потрошувачката на струја.