Кралот Чарлс го назначи Сунак за премиер на Британија

Риши Сунак

Риши Сунак е назначен за премиер на Британија, на местото на Лиз Трус по оставката минатата недела, која поднесе оставка по само 44 дена на функцијата поради нејзината економска програма, која ги наруши финансиските пазари, ги зголеми трошоците за живот на гласачите и разбесни многу на сопствената партија.

Сунак ќе стане следниот премиер на Британија

Поранешниот министер за финансии Сунак, кој е со потекло од Индија, денеска беше назначен да формира влада од кралот Чарлс, со што стана првиот премиер на Британија со индиско потекло. Мултимилионерот Сунак вчера им рече на пратениците на Конзервативната партија во парламентот дека Британија се соочува со „егзистенцијална криза“ и додаде дека земјата се соочува со „длабок економски предизвик“ и има потреба од стабилност и единство.