Претежно сончево со умерен ветер

Есен во Македонија.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло, наутро со слаба магла по одделни котлини, а преку денот значитечно потопло на планините.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе биде магливо, а преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 степени.