Италијанската премиерка Мелони положи заклетва

Џорџа Мелони денеска положи заклетва како нова премиерка на Италија.

Лидерката на италијанската крајна десница Џорџа Мелони денеска положи заклетва како нова премиерка на Италија и ќе ја предводи првата крајнодесничарска влада во земјата од крајот на Втората светска војна.

45-годишната Мелони е првата жена на чело на италијанската влада. Нејзините министри исто така дадоа заклетва пред италијанскиот претседател Серџо Матарела во претседателската палата.

Десничарската партија на Мелони „Браќата на Италија“ освои најмногу гласови на парламентарните избори во септември.

Вчера вечерта Мелони го објави составот на нејзиниот кабинет, а во коалицијата се Матео Салвини и поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Списокот на министри којшто ги избра Мелони ја одразува нејзината желба да ги смири партнерите надвор од Рим, кои се загрижени поради таа доаѓа на чело
владата, а е од екстремно десничарската партија.

На изборите одржани на 25 септември, на кои беше забележана рекордно ниска излезност, партијата „Браќата на Италија“ освои 26 отсто од гласовите, партијата на Салвини доби нешто помалку од девет отсто, а на Берлускони нешто повеќе од осум отсто.

Партијата на Џорџа Мелони постигна голем раст со оглед на тоа што на претходните избори, во 2018 година, освои околу четири отсто од гласовите.

Коалицијата на Националното пандемско единство на премиерот во заминување Марио Драги се распадна во јули откако Салвини, Берлускони и водачот на популистичкото Движење „5 ѕвезди“ Џузепе Конте одбија да ја поддржат неговата влада со гласање за доверба.

Ова го поттикна Матарела да го распушти парламентот и да го отвори патот за избори.