Боки 13 пуштен од болница откако бил натепан во затвор

Бојан Јовановски - Боки 13 и адвокатот Саша Дукоски

Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 е пуштен од Ургентниот центар каде бил примен синоќа, откако претходно бил натепан во затворот во „Идризово“, каде ја издржува затворската казна за случајот Рекет.

Од Ургентниот центар информираат дека бил примен со надворешни повреди, отоци и огреботини во пределот на главата, шаката, рачнниот зглоб и надлактицата.

„По направени иследувања, прегледан е од неврохирург, трауматолог и дигестивен хирург, по што е пуштен поради лекарска проценка дека нема потреба од хоспитализација“, информираат од Ургентниот центар.

Одбиенa тужбaта на Камчев со која бараше 1,5 милион евра отштета од Јанева и Боки-13

Нападот го потврдија и од Управата за извршување на санкции од каде соопштија дека Јовановски заедно со друг затвореник вчера биле нападнати од двајца други осудени лица за време на слободното време за прошетка на отворено кое што го користат осудените.

„Против осудените лица кои го извршиле физичкиот напад се комплетира документацијата за спроведување постапка за дисциплинска одговорност“, велат од Управата за извршување на санкциии додаваат дека ќе извршат и вонреден надзор на установата.

Нападот бил пријавен во полицијата од каде што посочија дека работат на расветлување на случајот.