Изборната комисија на Пакистан денеска го дисквалификува поранешниот премиер Имран Кан да се кандидира за јавна функција на пет години под обвинение за незаконска продажба на подароци добиени од шефови на држави за време на неговиот мандат на власт. Кан, исто така, беше обвинет дека ги прикрил парите што ги добил од продажба на некои од подароците со што ја прекршил обврската на избраните функционери да го пријават целиот свој имот. На пакистанските владини службеници им е дозволено да ги чуваат подароците. „Изборната комисија на Пакистан прогласи дека Имран Кан бил вмешан во коруптивни практики“, рече адвокатот Гохар Кан, додавајќи дека ќе ја оспорат оваа одлука. Изборната комисија, исто така, нареди покренување кривично истрага против Кан.
Пакистан го повика американскиот амбасадор по коментарите на Бајден
Партијата на Кан Техрик-е Инсаф ги повика приврзаниците да излезат на улиците за мирно да ја осудат одлуката на Комисијата. „Не ја прифаќаме оваа одлука. Народот на Пакистан нема да го прифати ова“, им рече на новинарите портпаролот на Кан, Фавад Чаудри, наведувајќи: „Ги повикувам луѓето да излезат и да ги исфрлат владетелите“. Правните експерти велат дека Кан, кој беше премиер од 2018 година до смената со гласањето за недоверба во парламентот во април годинава, ќе го загуби своето место во Националното собрание.