Над 50 компании од Русија се преселиле во Казахстан поради војната во Украина

Казахстанските власти соопштија дека повеќе од 50 меѓународни компании се релоцираа од Русија во Казахстан откако Москва ја стартуваше не испровоцираната инвазија врз Украина во февруари. Казахстанскиот премиер Алихан Смајлов изјави дека уште 56 меѓународни компании кои ја напуштија Русија во последните месеци „ја изразија својата подготвеност да се населат во Казахстан“.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев изјави дека властите на најголемиот град во земјата, Алмати, треба да им овозможат локации на преместените компании во центарот на градот.

„Ова значително ќе и помогне на економијата на нашата земја. Разговарајте за ова со владата и компаниите“, им рече Токаев на градските власти на Алмати.

Откако Русија ја започна својата целосна агресија против Украина кон крајот на февруари, повеќе од илјада меѓународни компании ги прекинаа или суспендираа своите операции во Русија, додека 320 меѓународни компании целосно го напуштија рускиот пазар.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

„Засрамени“: Русите кои бегаат од мобилизација за војната против Украина

Казахстан, исто така, стана главна дестинација за руските граѓани кои избегаа од земјата за да ја избегнат воената мобилизација што ја најави рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември.