Шефицата на УНМИК: Потребно е поконструктивно вклучување на Белград и Приштина

Советот за безбедност на ОН

Шефицата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека итно е потребен поактивен и поконструктивен ангажман на Белград и Приштина во дијалогот. За време на разгледувањето на новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, Зијаде рече дека „ги потсетува двете страни на потребата целосно да се почитуваат сите претходно преземени и ратификувани обврски во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ“.

Лавиринт од српски до косовски документи

На седницата посветена на извештајот на Гутереш за периодот од 16 март до 15 септември 2022 година, Зијаде рече дека „проблемите што изгледаат решени лесно можат да се вратат на врвот на агендата на дијалогот“. „Затоа, одговорноста станува поголема за обезбедување блиска координација меѓу различните мисии на теренот. Кога работиме заедно, кохерентно и ефикасно, можеме да придонесеме за разјаснување на недоразбирањата и да избегнеме ескалации“, рече Зијаде. Таа додаде дека има многу избори кои политичките водачи можат да ги направат во наредните денови за тоа како ќе управуваат со своите амбиции и цели.

Будност во Македонија по тензиите на Косово

„Се работи за избор меѓу соработка и поделеност, меѓу закани и гестови на добра волја, меѓу компромиси и ризикување се или ништо“, рече Зијаде. Од усвојувањето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН на 10 јуни 1999 година, тоа тело расправаше за Косово четири пати годишно до 2018 година. Во 2019 година имаше три седници на Советот за безбедност на ОН за Косово, а од 2020 година две седници годишно.