Главниот руски командант ги призна тешкотиите за руската војска во Украина

Генерал Сергеј Суровикин и рускиот претседател Владимир Путин

Новиот командант на руските сили во Украина ги призна тешкотиите со кои се соочуваат руските сили на теренот.

„Ситуацијата во областа на ‘специјалната воена операција’ може да се опише како напната“, изјави генерал Сергеј Суровикин за државната телевизија Росија 24 во денешното интервју.

„Непријателот континуирано се обидува да ги нападне позициите на руските сили“, рече тој.

„Пред се, ова се однесува на секторите Крупјанск, Лиман и Миколаив – Кривиј Рих“, рече Суровикин.

Тој исто така кажа дека руската армија се подготвува да ги евакуира цивилите од јужниот украински град Херсон, окупиран од Москва. Херсон се наоѓа во еден од четирите украински региони нелегално анектирани од Русија пред три недели.

„Руската армија пред се ќе обезбеди сигурна евакуација на населението“ од Херсон, рече Суровикин на интервјуто, опишувајќи ја состојбата како „многу тешка“.

Шефот на администрацијата на Херсон, поставен од Русија, рече дека тоа ќе биде „организирано раселување“ на цивили на левиот брег на реката Дњепар.

Руското Министерство за одбрана на 8 октомври го назначи Суровикин за нов генерален командант на руските сили ангажирани во Украина.

Ова беше прво соопштение со кое беше назначен единствен генерален командант на руските сили кои се борат во Украина, по инвазијата која започна на 24 февруари.