Лукашенко: не ја туркајте нуклеарно вооружената Русија во ќош

Александар Лукашенко и Владимир Путин

Белорускиот оспорен претседател Александар Лукашенко денеска ги предупреди Украина и Западот да не ја принудуваат неговата сојузничка Русија во агол, велејќи дека Москва има нуклеарно оружје со причина. Во извадоците од интервјуто за американскиот телевизиски канал NBC објавено од државната новинска агенција на Белорусија, Лукашенко вели: „Најважно е, немојте да го терате вашиот соговорник, па дури и вашиот противник во ќош. Затоа не смеете да ги преминете тие линии. Тие црвени линии, како што велат Русите, не можете да ги поминете“.

Освен нуклеарната, кои се другите опции на Путин за ескалација со Западот

На Запад се зголеми загриженоста дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да прибегне кон нуклеарно оружје, откако серијата порази на неговите сили во Украина го сменија моментумот на војната во корист на Киев. „Русија јасно го истакна својот став: не дај Боже да има напад на територијата на Руската Федерација; во тој случај Русија може да употреби секаков вид оружје доколку е потребно“. Лукашенко нема право на глас во воените одлуки на Путин, но неговите коментари ги нагласуваат затегнатите тензии Исток-Запад додека војната се приближува кон крајот на својот осми месец.

Столтенберг ја предупреди Русија да не ја преминува „многу важната линија“

Путин унилатерално прогласи четири украински региони како дел од Русија минатиот месец, потег кој оваа недела со огромно мнозинство беше осудено од Генералното собрание на ОН, и рече дека ќе го брани „територијалниот интегритет“ на Русија со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје доколку е потребно.