Ердоган пред разговорите со Путин повика да се стави крај на „крвопролевањето“ во Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека дипломатијата може да понуди шанса за „праведен мир“ што ќе го запре крвопролевањето во војната во Украина и покрај многуте пречки и ја повтори својата понуда за посредување. „Нашата цел е да помогнеме да се запре крвопролевањето што е можно поскоро со одржување на динамиката стекната и покрај тешкотиите на теренот“, рече Ердоган на регионалниот самит во Казахстан неколку часа пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин. „Преку дипломатија може да се постигне праведен мир“, им рече Ердоган на регионалните лидери во главниот град на Казахстан, Астана, каде што се одржува форумот на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија.

Москва очекува Ердоган да понуди посредство во преговорите со Украина

Ердоган и Путин ќе се сретнат подоцна во текот на денот за да разговараат за конфликтот. Членката на НАТО, Турција остана неутрална за време на конфликтот во Украина, воздржувајќи се од приклучување на западните санкции кон Русија и одржувајќи добри односи и со Киев и со Москва. Турција двапати беше домаќин на мировните преговори меѓу Москва и Киев, но последниот состанок беше во март и не даде резултати.

Зеленски до Г7 – Русија мора да биде целосно изолирана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, говорејќи за време на онлајн сесијата со членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа, го повтори својот став дека не може да има разговори со Путин, велејќи дека дипломатија со лидерите кои не го почитуваат меѓународното право е невозможна. Запрашан за позицијата на Зеленски, помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, вчера изјави: „Би сакал да му кажам: никогаш не кажувај никогаш“.