Времето - облачно со повремени врнежи

Скопје на дожд

Времето денеска ќе биде облачно и свежо, со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде до 19 степени.

Во Скопје и околината ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Во наредените денови до петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. В четврток и петок локално ќе има услови врнежите да бидат поројни и проследени со ретки грмежи.