Иран ги повика странските посетители да го почитуваат законот

Затворен пазарот во Техеран поради протестите во земјата

Странските посетители во Иран треба да ги почитуваат законите на Исламската Република, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, додека продолжуваат протестите поради смртта на една жена во полицискиот притвор за која Техеран ги обвини „странските непријатели“. Во минатиот месец Иран соопшти дека уапсил девет европски државјани за нивната улога во немирите за смртта на Махса Амини. „Иран е безбедна земја... Очекуваме странците кои го посетуваат Иран за туризам и бизнис... да ги почитуваат нашите закони“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Каанани.

Со порака против ајатолахот, хакирани вестите на иранската државна телевизија

Антивладините демонстрации што избија на 17 септември во родниот град на Амини, Сакез, се претворија во најголемиот предизвик за иранските свештенички лидери во последните години, при што многумина повикуваат на пад на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи. Протестите на национално ниво добија широка меѓународна поддршка, што го натера Техеран да ги нападне своите критичари, обвинувајќи ги Соединетите држави и Израел за искористување на немирите за да се обидат да ја дестабилизираат Исламската Република.