Киргистан ги откажа планираните воените вежби на ОДКБ

Киргистан - Војници на киргистанска армија, 25 март, 2022

Бишкек соопшти дека ги откажува воените вежби на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) предводена од Москва, што требаше да се одржат во Киргистан оваа недела.

Вежбите „Неуништливо братство – 2022“ требаше да се одржат од 10 до 14 октомври со војници од членките на ОДКБ Русија и Белорусија.

Не е соопштена причина за откажувањето.

Киргистан и друга членка на ОДКБ, Таџикистан, во септември имаа крвави судири долж граничната линија, по што Бишкек ја повика ОДКБ да преземе активна улога во решавањето на спорот.

Во алијансата ОДКБ, која е малку слична на НАТО, со принцип дека напад врз еден е напад врз сите, членуваат и Ерменија и Казахстан.

Вежбите на ОДКБ во Казахстан завршија на 8 октомври, по што учесниците од Русија и Белорусија требаше да заминат за Киргистан, но сега ќе се вратат во своите земји.