Денеска во Прага во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот украински колега Денис Шмихал се потпишани одлуки со кои се дополнува и ревидира постојниот Договор за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји. Премиерот Шмахил, како што соопштени македонската влада, и се заблагодари за неизмерната поддршка што Република Северна Македонија ја дава за Украина. „Потпишаните документи овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи“, истакнуваат од Владата.
Спасовски: Македонија е подготвена за прифаќање на украински бегалци
Исто така се појаснува дека со овие дополнувања на Договорот за слободна трговија се постигнува многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло. Ако досега за извоз во Украина се користеа само суровини од Северна Македонија и Украина и обратно, а за извозот од нашата земја се користеа само суровини со потекло од Северна Македонија и Украина, со овие нови правила ќе биде возможно да се користат и ЕУ суровини. Новиот Договор ќе овозможи користење на суровини од Украина при извоз во ЕУ и обратно, стои во соопштението.