Јужна Кореја и САД истрелаа четири ракети како одговор на ракетите на Пјонгјанг

Јужна Кореја и Соединетите држави лансираа четири ракети земја-земја

Јужна Кореја и Соединетите држави лансираа четири ракети земја-земја кон Јапонското Море како одговор на серијата проектили истрелани од Пјонгјанг, соопшти денеска јужнокорејската војска. Според Генералштабот на јужнокорејската армија, јужнокорејската и американската војска истрелале по две тактички проектили врз симулирани цели. Во вторникот воздухопловните сили на двете сојузнички земји изведоа вежба за бомбардирање на цел во Жолтото Море.

Севернокорејска балистичка ракета прелета над Јапонија и падна во Тихиот Океан

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави дека станува збор за „реакција на провокациите од Северот“. Целта е да ги покажеме нашите сопствени способности и да се осигураме дека имаме подготвени воени капацитети, рече Кирби. Сепак, тој директно не го потврди лансирањето на ракетите, ниту пак даде дополнителни детали. Севернокорејска балистичка ракета вчера прелета над североисточна Јапонија пред да се урне во Тихиот Океан, соопшти јапонската влада. Проектилот го активирал алармниот систем. Предупредувањето беше емитувано и на телевизија, а жителите на северна и североисточна Јапонија беа повикани да одат во засолништа.