Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди кое попладне во западните делови на земјата, а ноќеска и на останатата територија, ќе биде пооблачно со повремен дожд. Од УХМР најавуваат дека наместа врнежите ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер.
Максималната температура ќе биде меѓу 22 до 28 степени.
Во делови од Скопската Котлина врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, ветер и можна појава на краткотрајно невреме.
Утре и во првите денови од следната недела ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе дува засилен до силен северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат