Советот за безбедност на ОН ќе расправа за инцидентот со гасоводите на Балтичко море

Сателитска фотографија на прекинот на гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море, приближно 13 наутички милји југоисточно од островот Борнхолм, Данска.

Советот за безбедност на ОН, по барање на Русија денеска треба расправа за истекувањето гас во Балтичкото Море над гасоводот Северен тек. Досега властите на Шведска и Финска пријавиле две истекувања гас на шведска и две на данска страна. Европа оцени дека тоа е „саботажа“, а Москва го отфрли ова тврдење како „глупаво и апсурдно“. Гасоводите Северен тек 1 и 2 во моментов не работат, но во цевките има гас. Сеизмолозите од Шведска и Данска соопштија дека снимиле силни експлозии во областа, поради што шведската полиција започна истрага за можна саботажа. Инцидентот предизвика пораст на цените на природниот гас во Европа.

НАТО: Инцидентите на „Северен тек“ се намерна непромислена саботажа

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера изјави дека намерен напад врз инфраструктурата на сојузниците ќе биде одговорен со решителен одговор, по, како што ги нарече, актите на „саботажа“ на гасоводите „Северен тек“. „Сите моментално достапни информации укажуваат дека ова е резултат на намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа“, се вели во соопштението на НАТО. „Ние, како сојузници, се обврзавме да се подготвиме, одвраќаме и да се браниме од други хибридни тактики од страна на државните и другите актери. Секој намерен напад против критичната инфраструктура на сојузниците би бил дочекан со обединет и решителен одговор“, се додава во соопштението.