Најмалку 13 загинати, од кои 7 деца при вооружен напад во руско училиште

Бројот на загинати по вооружениот инцидент во рускиот град Ижевск порасна на 13 откако уште тројца им подлегнаа на повредите. Меѓу загинатите има седум деца. Ранети се 21 лице од кои 14 се деца.

Рускиот истражен комитет соопшти дека е идентификуван напаѓачот кој по нападот се самоуби. Станува збор за Артем Казанцев, маж на околу 30-годишна возраст, кој бил матурант во училиштето каде што го извршил нападот. Дел од локалните медиуми јавуваат дека вооружениот напаѓач носел маица со кукаст крст на неа.

Ова е четврто пукање во училиште во регионот во последните 15 месеци. Престрелките во училиштата и другите образовни институции во Русија и другите поранешни советски републики беа многу ретки до последните години, кога бројот на инциденти се зголеми.

Вооружен напаѓач уби деветмина во училиште во Русија

Во април 2022 година, во Вешкаима, вооружен маж влегол во градинка и уби две деца и наставник пред да се застрела, додека во септември 2021 година се случи масовно пукање во Државниот национален истражувачки универзитет Перм, што резултираше со смрт на шест лица.

Пет месеци предходно, 19-годишниот Илназ Гаљавиев отвори оган во училиште во Казан, при што загинаа девет лица, меѓу кои седум деца.