Бугарија ги осуди референдумите во делови на Украина

Луганск, гласање

Референдумите што ги објави Москва за присоединување кон Русија на регионите Доњецк и Луганск контролирани од руските сили и делови од регионите Запорожје и Херсон во Украина се уште еден обид за нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нивните резултати нема да бидат меѓународно признаени, коментираше на својот редовен брифинг портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Костадин Коџабашев. Тие, според Коџабашев, се обид за легитимирање на руската воена инвазија во Украина, како и за насилна промена на меѓународно признаените граници.

Териториите на Украина контролирани од Кремљ на референдуми кои според Западот се лажни

Според него, тоа уште повеќе ќе го влоши конфликтот. Заменик министерот за надворешни работи Костадин Коџабашев ги потврди зборовите на бугарскиот министер за одбрана дека во оваа фаза нема конкретна воена закана за земјата. Димитар Стојанов изјави дека Бугарија го зголемила надзорот во источниот дел на земјата по говорот на рускиот претседател Владимир Путин во кој најави делумна воена мобилизација.