Иранскиот претседател вети истрага по смртта на приведената жена

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека смртта на една млада жена откако беше приведена од полицијата за морал, што предизвика протести во Иран, ќе биде истражена, но во исто време го осуди, како што рече, лицемерието на западните сили. „Бидете уверени дека истрагата секако ќе биде отворена“, им рече Раиси на новинарите на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, наведувајќи дека извештајот од обдукцијата не утврдил злоупотреба од страна на полицијата, што демонстрантите го оспоруваат.

Расте бројот на загинати на протестите во Иран

Протести избувнаа низ Иран по смртта на 22-годишната Махса Амини. Таа била приведена и претепана од моралната полиција, бидејќи наводно не носела хиџаб правилно, по што Амини паднала во кома и починала. Најмалку 17 луѓе биле убиени во демонстрациите поради нејзината смрт, јавија државните медиуми. Иранскиот претседател рече дека не треба да се избрзува со заклучоци. „Доколку некоја од страните направи грешка, тоа секако ќе се испита“, рече тој и додаде дека контактирал со семејството на починатото девојче и ветил дека детално ќе го истражи инцидентот. Убиството на младата Амини го осудија Обединетите нации, Европската унија и САД.