Севернокорејските власти негираа дека и испорачувале оружје на Русија, објавија денеска државните медиуми, откако САД пред неколку недели соопштија дека Москва бара од Пјонгјанг оружје за да ги надополни резервите исцрпени од инвазијата врз Украина. „Никогаш претходно не сме извезувале оружје или муниција во Русија и немаме планови да го сториме тоа“, изјави неименуван претставник на Министерството за одбрана, пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА.
САД: Русија купува артилериска муниција од Северна Кореја
Белата куќа во почетокот на септември објави дека Русија купува артилериски гранати и ракети од Северна Кореја за војната во Украина. Севернокорејски официјален претставник изјави дека Вашингтон и „другите непријателски сили шират гласини за трговија со оружје“ меѓу Северна Кореја и Русија. „Ги предупредуваме САД да престанат да даваат непромислени изјави“, рече тој, додавајќи дека Северна Кореја го задржува правото да извезува воена опрема.