Погребана кралицата Елизабета Втора

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Британија, светските лидери и членови на кралското семејство се збогуваа со кралицата Елизабета, на државен погреб со неповторливa величественост. Тоа беше првиот државен погреб во Британија по смртта на премиерот Винстон Черчил во 1965 година. Меѓу 2.000-те поканети на погребот имаше околу 500 светски лидери, како и членови на кралските семејства од светот.