Кремљ ги пофали „суверените позиции“ на владата на Орбан во однос на ЕУ

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го пофали унгарско раководство за, како што нарече, подготвеноста на Будимпешта да заземе „суверени позиции“ за прашања во рамките на Европската унија. Тој рече дека Кремљ внимателно ги следи случувањата меѓу ЕУ и Унгарија. Еден ден претходно, Европската комисија повика на елиминација на 7,5 милијарди евра од финансирањето на ЕУ наменето за Унгарија поради корупција и нарушување на владеење на правото. Критичарите во Брисел тврдат дека 12-годишното раководство на премиерот Виктор Орбан и неговата партија Фидес, ги загрозува заедничките вредности на ЕУ.

Европската Комисија бара намалување на средствата од европските фондови за Унгарија

Унгарија има рок до денеска да одговори на загриженоста, а некои нејзини функционери ветија дека ќе формираат антикорупциско тело и ќе направат други потези за да ја смират загриженоста на ЕУ. Унгарскиот министер задолжен за преговорите со ЕУ, Тибор Наврачич, изјави по препораката на Европската комисија дека има „добри шанси“ неговата влада да потпише договор за користење на европските фондови до крајот на годината. Европскиот парламент во минатата недела усвои резолуција во која се вели дека Унгарија повеќе не е „целосна демократија“, поради што Фидес ја обвини дека „повторно ја нападна Унгарија“.

Европратеници: Унгарија е изборна автократија, а не демократија

Орбан се спротивстави на европското единство во врска со гасот и економските санкции за да ја казни руската неиспровоцирана инвазија врз Украина и на друг начин се смири со Москва, вклучително и патувањето во Москва овој месец на погребот на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов и испраќањето на неговиот министер за надворешни работи во Москва во ненадејна посета.