Покрената истрага против жена и маж од Скопје - со криптовалути набавувале дрога

Илустрација

Скопското основно обвинителство покрена истрага против 37-годишна скопјанка и 29-годишен скопјанец, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според обвинителството, тие континуирано во повеќе наврати набавувале синтетичка дрога амфетамин, користејќи ја интернет платформата „ДаркНет“, преку креиран профил и користејќи криптовалути како платежно средство.

Дрогата ја набавувале од непознати лица од Германија, а им била доставувана преку поштенски пратки.

Поштенската пратка била запленета од цариснките службеници на аеродромот во Франкфурт, Германија.

„На аеродромот во Франкфурт, Германија, царински службеници заплениле поштенска пратка – хартиено плико на кое како примател била назначена осомничената. Пратката содржела амфетамин, па по воспоставена меѓународна соработка, поштенската пратка била испратена до пошта во Скопје на 09.09.2022 година. На осомничената и била доставена на домашна адреса. На 15 септември полициски службеници извршиле претрес во домот и пронашле амфетамин со нето маса од 82 грама, како и две тегли со наркотична дрога марихуана. При претрес кај осомничениот, пак, пронајденa е уште една полиетиленска ќесичка со марихуана и една метална дробилка со остатоци од марихуана, информираат денеска од Јавното обвинителство.“, информираат денеска од Јавното обвинителство.

Хакерски напад на вебот на МОН, од Министерството тврдат дека нема опасност за податоците

Обвинителството доставило предлог за определување мерка притвор за осомничената, бидејќи, како што се наведува во соопштението, постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото.

За осомничениот се предложени мерки на претпазливост.​