Белорусин осуден на 15 години затвор поради „герила акција“

Судот во источниот белоруски град Вицебск осуди еден маж на 15 години затвор под обвинение за оштетување на железницата за да го наруши снабдувањето со оружје на руските воени сили во Украина.

Регионалниот суд во Вицебск денеска му пресуди на Сјархеј Канавалау во судски процес зад затворени врати за јавноста. Тој беше обвинет за подготовка и спроведување на терористички акт и предуслови за поттикнување етничка и социјална омраза.

Лукашенко: белоруските авиони опремени да носат нуклеарно оружје

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека Канавалау, кој работел во единицата за безбедност на железничкиот систем во Вицебск, е осомничен дека планирал да го оштети системот што ја гарантира безбедноста на железничкиот сообраќај.

Канавалау, кој беше признат од организациите за човекови права во Белорусија како политички затвореник, е еден од околу 60-те активисти уапсени поради нивната наводна вмешаност во оштетување на железницата за да го попречат напредокот на руските војници и оружјето упатени кон Украина како дел од тековните неиспровоцирани инвазија. Останатите случаи се уште се истражуваат.

На втората годишнина од спорните белоруски претседателски избори, Циханускаја именува „привремена влада“

Кампањата наречена „војна во железницата“ беше иницирана во Белорусија од група вработени, а оние кои се вклучени во кампањата го добија прекарот „железнички герилци“.

Белорусија не е директен учесник во војната во Украина, но ѝ обезбеди логистичка поддршка на Русија за инвазијата дозволувајќи им на руските сили да влезат во Украина преку белоруска територија. Западните земји и воведоа на Белорусија голем список на финансиски санкции како одговор на нејзините напори да и помогне на руската инвазија.