Времето денеска: сончево и топло

Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во крајните западни подрачја ќе има повремен локален дожд. Дневната температура ќе се движи од 26 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 32 степена.