Разузнавачки извештај - Русија се обидела за влијае на бугарската политика

Бугарија - Демонстрант држи транспарент на кој на бугарски пишува „Слобода или Газпром“ за време на протест во Софија, 10 август 2022 година.

Русија се обидела да влијае на бугарската политика во однос на ЕУ и енергијата, се наведува во извештајот на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) на Бугарија. Годишниот извештај е објавен на веб-страницата на владата и на службата за безбедност.

„Од средината на 2021 година, Руската Федерација ќе започне голема хибридна кампања за дефинирање на европската безбедносна архитектура во согласност со нејзините стратешки интереси, вклучително и прекин на проширувањето на НАТО кон исток и зачувување на руското влијание во соседните земји“, стои во извештајот, јавува Бугарскиот сервис на РСЕ.

Според извештајот, Русија за хибридните напади ангажирала „дипломатија, воена моќ, специјални служби, економски потпора и зависности (главно во енергетската сфера), информативна пропаганда и кампањи за дезинформација и сајбер напади.

Единствената земја која се споменува во документот е Русија, но во документот се зборува за активностите на неколку странски разузнавачки служби на територијата на земјата.

Во документот се вели дека Бугарија е предмет на систематски разузнавачки интерес насочен кон обврските на Бугарија во ЕУ и НАТО, модернизацијата на нејзината армија, економијата и внатрешната политика, поради серијата парламентарни избори минатата година.

Имало обиди за влијание врз државните, воените, образовните и верските институции, медиумите, забележува бугарската специјална служба во својот извештај. Имало и обиди за мешање во изборите и директното носење политички одлуки, се наведува во отворениот дел на документот.

ДАНС обрнува внимание на обидите да се искористи пандемијата на ковид-19 со ширење лажни вести и директно да се дискредитираат бугарските и европските институции.