Харкив по втор пат за 24 часа останува без вода и струја поради руските напади

Украинскиот град Харкив остана без снабдување со вода и електрична енергија поради нова серија од руско гранатирање, за кое градоначалникот вели дека е во близина на центарот на градот.

Градоначалникот на Харкив, Ихор Терехов на социјалната платформа Телеграм објави дека ситуацијата од синоќа е повторена. Поради гранатирање, критичните инфраструктурни објекти се исклучени, а како резултат на тоа, во Харкив снема струја и беше прекинато водоснабдувањето.

„Гранатирањето е во близина на центарот на градот. Спасувачите и јавните комунални претпријатија работат на отстранување на последиците од гранатирањето“, напиша тој.

Источна Украина остана без струја, ја обвини Русија за таргетирање на енергетска инфраструктура

Инженерите и работните екипи штотуку го вратија снабдувањето со електрична енергија и вода, откако гранатирањето во текот на ноќта ги прекина, рече Терехов, додавајќи дека се уште се собираат информации за обемот на штетата и можните жртви.

Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади се насочени кон цивилната инфраструктура „за да ги лиши луѓето од светлина и топлина“. Затемнувањето доаѓа во време на контраофанзива на украинските сили во регионот Харкиов, каде што повторно зазедоа десетици градови и села. Проблеми со електрична енергија и вода беа пријавени во областите Харкив, Суми, Полтава, Запорожје и Днепропетровск, што веројатно влијаеше врз милиони луѓе.