Денеска и утре посвежо, од среда повторно топло

Камен мост, Скопје

Денеска не очекува постабилно време со студено утро инфромираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според нивното соопштението во наредните два дена се очекува период на стабилно време со постудени утра.

Според прогнозата на УХМР, денеска се очекува да дува засилен северозападен ветер што ќе услови пониска дневна температура денеска и утре.

Во вторник утринските температури ќе бидат од 6 до 17 и дневните од 21 до 28, а во среда – минималната од 5 до 15 степени и максималната од 25 до 31 степен.
Од среда температурата повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло, соопшти УХМР.