Молдавија дозволи летови кон Москва по неколкумесечната забрана

Националната авиокомпанија на Молдавија објави дека ќе ги обнови летовите за Москва

Авиокомпанијата „Ер Молдавија“ објави дека ќе ги обнови летовите за Москва по седуммесечната суспензија.

Националната авиокомпанија денеска соопшти дека ја рестартира рутата поради „огромниот број барања од граѓаните на Молдавија кои се во Руската Федерација и сакаат да се вратат дома“.

Поради санкциите 78 руски авиони се запленети во странство

Авиокомпанијата соопшти дека пандемијата на коронавирусот и суспензијата на летовите за Русија „создале тешкотии со кои се соочуваат стотици патници секој ден“, вклучително и итни медицински случаи.

Авиопревозникот ги прекина летовите за Москва, откако Русија ја стартуваше инвазијата врз Украина во февруари, по што молдавскиот парламент привремено одлучи да го затвори воздушниот простор на земјата.