Шолц му ветил на Зеленски постојана поддршка за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц на конференција во Минхен на 19.02.2022.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ветил постојана поддршка на Германија за Украина за време на телефонскиот разговор со претседателот Володимир Зеленски. Двајцата лидери разговарале и за дополнителни начини за помош на земјата разурната од војна, изјави денеска портпаролот на германската влада.

Ова вклучува мерки за помош во обнова на Украина, рече портпаролот, додавајќи дека Шолц навел интензивни подготовки за меѓународна конференција за ова прашање, што ќе се одржи во Берлин на 25 октомври.

Шолц и Зеленски, исто така, се согласија дека заштитата на нуклеарната централа Запорожје е од големо значење и ги поддржаа мерките препорачани во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија- МААЕ, која во вторникот повика на заштитна зона околу локацијата.

Украинскиот премиер Денис Шмихал пред некој ден беше во посета на Берлин и се сретна со Шолц и други високи функционери. Киев во минатото ја критикуваше Германија дека дава премалку помош во борбата на Украина против руската инвазија.