СЗО предупредува на влошување на хуманитарната ситуација во Пакистан

Илустрација, Пакистан поплавен

Најмалку 1.325 луѓе загинаа во големи поплави во Пакистан, соопшти Управа за управување со природни катастрофи. Обединетите нации предупредија дека хуманитарната ситуација низ целата земја, од која една третина е под вода, се влошува.

Од пакистанската управа велат дека покрај билансот на загинати, повеќе од 1.200 други се повредени во поплавите што зафатија околу 33 милиони жители.

Пакистан со апел за помош по полавите во кои загинаа 1265 лица

Рекордно долгите и силни монсунски дождови, интензивирани од климатските промени, однесоа многу домовите и деловните објекти, додека илјадници хектари земјоделско земјиште лежат под вода, уништувајќи ги посевите во сезоната. Во меѓувреме, синоптичарите најавуваат нови врнежи од дожд во наредните денови за некои области.

Пакистан пренасочува огромно езеро за да ги заштити населените области

Светската здравствена организација денеска предупреди дека болестите кои се пренесуваат преку водата се веќе присутни во земјата и „се влошуваат“.
„Веќе добивме извештаи за зголемен број случаи на акутна водена дијареа, тифус, сипаници и маларија, особено во најпогодените области“, изјави портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ за новинарите во Женева, додавајќи дека спасувачките и хуманитарните работници се уште имаат проблеми да стигнат до некои тешко погодени области.

„Се очекува ситуацијата да се влоши“, додаде тој.

Претходно овој месец, Пакистан и Обединетите нации упатија заеднички апел за 160 милиони американски долари вонредно финансирање за помош на жртвите од поплавите.