Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска побара Европската унија да ги исполни обврските за финансиска и воена помош и да ја задржи поддршката за Киев во конфликтот со Русија, изјави шефицата на Европскиот парламент. Шмихал се состана со пратениците на ЕУ, вклучително и со Роберта Мецола, претседателка на парламентот.
Зеленски ја предупредува Европа да се спреми за тешка зима
Мецола рече дека дискусијата со Шмихал се фокусирала на тоа дали санкциите против Русија функционираат, дали тие треба да се прошират на дигиталната економија, континуираните активности на некои компании од ЕУ во Русија и дали да се дозволат руски туристи во Унијата. Шефовите на политичките групи ја потврдија својата едногласна поддршка за Украина, рече таа, наведувајќи дека постои ризик Европејците, соочени со спиралните цени, особено на енергијата, да заборават на конфликтот. „Нашиот одговор треба да биде непоколеблив“, рече таа.