Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен во наредните два дена

Контролната соба во РЕК Битола

Од денеска попладне, па во наредните два дена Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен од електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Краткотрајниот прекин во работењето е со цел зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката, информираат од АД ЕСМ. Оттаму потсетуваат дека годинава, со оглед на енергетската криза во државата и Европа, РЕК Битола нема да прави класични ремонти на блоковите, туку ќе ги користи приликите за техничко – технолошки зафати за санација и нега на производствените погони согласно околностите.

Препукувања меѓу СДСМ и Мицкоски за цената на струјата

Во меѓувреме, продолжува со работа Блок 2 на РЕК Битола. „АД ЕСМ ги обезбедува потребите за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи исклучиво од сопствено производство. Струја не се увезува и не се планира увоз на електрична енергија од странство ниту во следните денови“, се наведува во соопштението.