Нови 169 ковид позитивни случаи во изминатото деноноќие

Илустративна фотографија

Во последните 24 часа регистрирани се 169 нови случаи на ковид-19 од направени 746 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (169), регистрирани се 55 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице.

Од новите случаи на ковид-позитивни најмногу има во Скопје - 93, потоа следат Битола – 12, Куманово – 7, Прилеп, Велес, Охрид и Кочани – по 6, Гостивар, Струмица и Берово – по 4, Кавадарци, Штип, Струга и Неготино – по 3, Делчево и Тетово – по 2, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Богданци и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 242 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 340.510, бројот на оздравени пациенти е 329.434, на починати е 9.490, а бројот на активни случаи изнесува 1.586.