Михаел Рот на разговори во Скопје

Михаел Рот

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија. Тој ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство

Рот, пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.