Претседателката на Косово: силувањето малолетничка е шокантен и нехуман чин

Претседателката на Косово Вјоса Османи

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска оцени дека силувањето на 11 годишна малолетничка е шокантен и нехуман чин и побара ригорозна истрага и правна одговорност за сторителите. Косовската полиција претходно соопшти дека пет лица во Приштина се осомничени дека силувале малолетничка. Османи на Фејсбук напиша дека „со најголема жестокост и одлучност мора едногласно да повториме дека никој не е над законот“.

Приведени родители кои сексуално ја злоставувале и продале својата ќерка

„Законот треба да биде суров кон секој таков престапник, особено во случаи како овој кога децата се цел на насилство“, рече таа, барајќи од правосудните органи целосно да го елиминираат сексизмот и нееднаквоста во судските одлуки, а безбедносните институции да го зголемат степенот на заштита на девојките и жените кои се жртви на насилство. Двајца од петмината осомничени се во притвор за силување, додека по останатите кои и се познати на полицијата се трага.