Во изминатите три дена регистрирани 389 случаи на ковид-19 и четворица починати

Илустрација: Ковид тестови

Во последните три дена (од 26.08 до 28.08.2022), регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19 од направени 1.561 тестови, пријавени се вкупно четири починати лица. Двајца починале во изминатите три дена, а двајца претходно, но биле пријавени сега. Има 698 оздравени, информира Министерството за здравство.

Од новорегистрираните 389 случаи, од Скопје се 205, Битола 34, Охрид 22, Куманово 20, Прилеп 14, Кавадарци и Делчево по 11, Тетово 10, Кочани 8, Велес 7, Штип 6, Гостивар 5, Кичево, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Берово по 4, Ресен и Богданци по 3, Струмица, Радовиш и Дебар по 2, и во Струга, Виница, Крушево и Македонски Брод по еден нов случај.

Од вкупниот број позитивни (389), регистрирани се 94 реинфекции.
Во текот на изминатите три дена, пријавени се две починати лица, од Скопје (79г и 85г). Двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, регистрирани се две починати лица од Скопје (76г) и Кичево (63г), кои починале во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 18 до 22 август 2022.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.881, бројот на оздравени пациенти е 328.478, на починати е 9.477, а бројот на активни случаи изнесува 1.926.