НАСА го одложи лансирањето ракета на Месечината

Протекување на гориво ја принуди НАСА да го одложи лансирањето нова ракета на Месечината, на тест лет без екипаж.

Лансирањето нема да се случи пред 2 септември.

Ракетата Систем за вселенско лансирање, долга 98 метри, требаше да полета рано утринава со три тест кукли на својот прв лет, на мисија за поставување капсула во орбитата на Месечината.

Ова треба да биде голем чекор во обидите на САД да ги врати космонаутите на Месечината за првпат од крајот на програмата Аполо пред 50 години.

НАСА се надева дека ќе испрати четворица космонаути околу Месечината во 2024 и оти луѓе ќе слетаат таму во 2025 година.

Програмата Артемис е план на НАСА за враќање на космонаутите на Месечината како отскочна штица за евентуално патување на Марс.