Тајландскиот Уставен суд го суспендира премиерот

Прајут Чан-оча

Уставниот суд на Тајланд денеска го суспендираше премиерот Прајут Чан-оча од службените должности, откако одлучи да ја сослуша петицијата за преиспитување на неговиот законски мандатен рок од осум години. Судот го објави овој потег преку писмено соопштение испратено до медиумите. Нејасно е кога ќе донесе конечна одлука за петицијата поднесена од најголемата опозициска партија.

Блинкен во посета на Тајланд за зајакнување на регионалната поддршка

Прајут ја презеде власта во 2014 година кога водеше државен удар за соборување на избраната влада. Се очекува вицепремиерот Правит Вонгсуван да ја преземе функцијата привремен лидер на оваа земја во Југоисточна Азија. Скоро две третини од Тајланѓаните сакаат Прајут да ја напушти функцијата, покажа неодамнешната анкета.