Уапсен руски политичар кој ја критикувал инвазијата врз Украина

Рускиот политичар Евгениј Роизман

Рускиот политичар Евгениј Роизман, познат по критиките кон Кремљ, а од неодамна и воената кампања во Украина, е приведен од властите. Роизман, поранешен градоначалник на градот Екатеринбург, е под истрага за „дискредитација на руската армија“, соопштија безбедносните служби во Екатеринбург, прекршок за кој може да добие затворска казна до 5 години.

Руската полиција претресе домови на новинари соработници на РСЕ

Роизман беше еден од ретките критичари на Кремљ кои освоија градоначалнички места по серијата големи опозициски протести додека претседателот Владимир Путин водеше кампања за функцијата во 2012 година. Од почетокот на руската инвазија на Украина, Роизман три пати е казнет со 50.000 рубли (833 долари) за „дискредитација“ на руската армија. Русија ја нарекува својата инвазија во Украина „специјална воена операција“ чија цел е да ја осигура сопствената безбедност и властите гонеа голем број активисти затоа што ја нарекоа војна или ја критикуваа руската акција.